КИМ КАТРАЛ ОСТАНАЛА БЕЗ ДЕЦА ПОРАДИ УЛОГАТА НА САМАНТА ВО „СЕКСОТ И ГРАДОТ“

Лондон, (АП)

Ѕвездата на ТВ серијата „Сексот и градот“ Ким Катрал вели дека останала без деца, делумно и поради напорниот распоред за снимање на долготрајната серија на ХБО.

Актерката, која има 61 година, му кажа на Пирс Морган во интервју за британската ИТВ, дека таа решила да не оди на третман за оплодување, кога играла во шоуто во нејзините рани 40-ти, бидејќи не знаела како ќе успее да подига дете со 19 часовна работа на ден.

Катрал исто така се отвори и за нејзиниот однос со колешките од серијата, при што на Морган му кажа дека таа „ никогаш не била пријателка“ со Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон.

Катрал вели дека ја одбила можноста да се појави во третиот филм „Сексот и градот“, и дека никогаш веќе нема да го игра нејзиниот лик Саманта Џонс.