КОБИ БРАЈАНТ – ПРВ КОШАРКАР НОМИНИРАН ЗА ОСКАР

Лос Анџелес, (АФП)

Номинациите за 90. по ред Оскари беа објавени вчера, а меѓу филмовите со најмногу номинации се „Обликот на водата“ (13), „Данкирк“ (8) и „Три билоборди пред Ебинг, Мисури“ (7).

Ова се неколку забавни факти и бројки од годинашната листа на номинирани:

  • Со номинацијата за филмот „Леди Бирд“, Грета Гервиг е петта режисерка во 90-годишната историја на Оскарите која е номинирана во оваа категорија.
  • Рејчел Морисон, директорката на фотографија на „Мадбаунд“, е првата жена која добива номинација за кинематографија. Наспроти неа, нејзиниот колега Роџер Дикинс ќе се обиде да го освои својот прв Оскар од 14. обид.
  • Веќе испиша историја со самата номинација. – Рејчел Морисон (Фото: АП)
  • Мерил Стрип го зголеми нејзиното водство како актер со најмногу номинации во историјата, со последнава, 21. номинација за улогата во „Пост“ на Стивен Спилберг.
  • Актерот и режисер Дензел Вашингтон ја доби својата осма номинација за улога, што е рекорд за црномурест актер.
  • Композиторот Џон Вилијамс има најмногу номинации за Оскар меѓу живите филмаџии. Со последната номинација за „Војна на ѕвездите: Последниот џедај “, тој сега има 46 номинации за музика, плус пет за оригинална песна. Неговиот вкупен број на номинации е помал само од оној на Волт Дизни, кој имал 59.
  • Ѕвездата на НБА, Коби Брајант, е номиниран за Оскар, благодарение на неговата соработка со аниматорот Глен Кин и композиторот Џон Вилијамс на краткиот филм „Почитувана кошаркo”. Брајант е сценарист и наратор на шестминутниот анимиран филм.
  • Стивен Спилберг („Пост“) и Мартин Мекдона („Три билборди“) беа изоставени од категоријата најдобар режисер, и покрај тоа што нивните филмови се едни од најпопуларните годинава. Неноминирањето на Џејмс Франко за најдобар актер и е и не е изненадување. Тој доби Златен глобус за „Катастрофалниот уметник“, за потоа да биде обвинет од пет жени за сексуално малтретирање.
  • Блокбастерот „Чудесна Жена“ не доби ниту една номинација, а и Том Хенкс не е номиниран за улогата во „Пост“.