КОГА НЕМА ВОДИТЕЛ, АКТЕРИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО ГЛАВНА УЛОГА НА ОСКАРИТЕ

Њујорк, (АП)

Даниел Крег, Џенифер Лопез, Тина Феј, Вупи Голдберг, Бри Ларсон и Шарлиз Терон ќе бидат меѓу презентерите на 91. доделување Оскари, објави Академијата за филмска уметност и наука.

Годинашната церемонија ќе мора да се потпре врз презентери откако поради контроверзите со комичарот Кевин Харт остана без водител за првпат по 30 години. Со цел да ја зачува ексклузивноста на настанот, Академијата претходно им постави ограничувања на актерите да не се појавуваат на други церемонии на доделување награди.

Еј-Би-Си ќе ги пренесува Оскарите на 24 февруари од Лос Анџелес.