Либанските власти ги забранија најновиот филм на Стивен Спилберг, политичкиот трилер “Пост”, поради бојкотот на Израел, изјави за АФП официјален претставник од либанското тело за општа безбедност.
Спилберг е на тамошната црна листа откако откако му донираше милион долари на Израел за време на војната во 2006 година со Либан. Двете земји сé уште се технички во воена состојба.
Додека Либан генерално се смета за најлиберален од арапските земји, тој повремено забранува содржини што се сметаат за неморални, поттикнувачки или поддржувачки за Израел. Телото за општа безбедност, покрај контролата на либанските граници, е одговорно и за цензурирање на филмови, претстави и книги.
Премиерата на „Пост” беше закажана за 18 јануари во либанските кина. Филмот ја раскажува приказната за објавувањето на документите на Пентагон од „Вашингтон пост” во 1971 година, во кои се откриени лагите за учеството на САД во Виетнамската војна.
Цензурата ја погоди и австралиската драма „Џунгла”, во која се зборува за преживувањето на израелскиот авантурист Јоси Гинсберг, кој во 1981 година се изгуби во боливиски Амазон.