„Мали жени“ на Грета Гервиг и „Господа“ на Гај Ричи од денеска играат во скопското кино Синеплекс. „Мали жени“, кој има шест номинации за Оскар, од кои и за актерките Сурша Ронан и Флоренс Пју, има проекција и во Милениум.
„Мали жени“ е римејк на филмот од 1994 година со Винона Рајдер, Кристијан Бејл, Сузан Сарандон и Кирстен Данст. Снимен е според класикот на американската писателка Луиза Меј Алкот, а покрај Ронан и Пју, глумат и Мерил Стрип, Ема Вотсон и Тимотеј Шаламе.
Филмот на британскиот режисер Ричи се најавува како криминалистичка акција, со ѕвезди како оскаровецот Метју Меконахи, Колин Фарел и Хју Грант.