Оскаровката Алисија Викандер остана доследна на неутралните бои на ликот на Лара Крофт, носејќи фустан без ракави со нијанси на црна и месо боја од „Луј Витон“, на синоќешната премиера на третиот дел на „Томб рајдер“ во Лос Анџелес.
„Пораснав играјќи ја видео-играта и кога ја видов Анџелина Џоли на екранот, сфатив дека е од огромно значење да се види како една жена е главна во акционен филм“, изјави шведската глумица на премиерата.
Викандер (29 години) за ликот на Лара Крофт помина низ интензивни вежби за сила и издржливост, зголемувајќи ја мускулната маса на телото.

„Многу од вежбите бараа искачување по ѕид. Тоа е нешто што не сум го правела пред да го започнам овој филм“, изјави таа на забавата по премиерата.
Меѓу гостите беа и актерите Кејт Босворт и Џони Галецки и шведската пејачка и пријателка на Викандер, Тове Ло. Сопругот на Викандер, актерот Мајкл Фасбендер, не бил на премиерата.
„Во мојата кариера, главно, работев драми и независни филмови. Не знам колку пати ги има гледано ‘Индијана Џонс’ и ‘Мумија’. Мој сон од детството беше да глумам во акционен филм“, изјави актерката, која во 2016 година доби Оскар за споредна улога за филмот „Девојката од Данска“.