Анимираниот омнибус „Небиднина“ во режија на Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски, ја освои наградата за најиновативен анимиран филм на Анимаком, во Билбао, Шпанија. Седмото издание на фестивалот се одржа од 11 до 18 декември.
„Небидина“ е составен од четири кратки филмови, инспирирани од поезијата на Ацо Шопов. Македонија цела година ја посвети на чествување на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет.
Шопов ја објави збирката „Небиднина” пред точно шеесет години.