Списанието „Венити фер“ објави ексклузивини фотографии од снимањето на новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.
Еден од најисчекуваните филмови оваа година, со ретко голема ѕвездена постава, премиерно ќе се прикаже на 26 јули, во продукција на „Сони“.
Бред Пит, Леонардо ДиКаприо и Марго Роби се во главните улоги, а во филмот играат и Ал Пачино, Брус Дерн, Дакота Фенинг, Курт Расел, Лук Пери, Емил Хирш, Мајкл Медсен, Тим Рот, Лена Данам, Остин Батлер и Лоренца Ицо.
Тарантино во интервјутo вели дека на сценариото работел пет години. Toj го опишува филмот како „приказна што се случува во Лос Анџелес во 1969 година, на врвот на хипи движењето во Холивуд“.
Во центарот на приказната се Рик Далтон (ДиКаприо), поранешна ѕвезда на вестерн-серии, и неговиот партнер и дублер Клиф Бут (Пит). Двајцата не успеваат да се снајдат во Холивуд, бидејќи никого не познаваат, но Рик има многу славна сосетка, Шерон Тејт (Роби).