МАЈКЛ ДАГЛАС КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ ЅВЕЗДА НА ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ ПО 50 ГОДИНИ КАРИЕРА

Лос Анџелес, (Скај)

По 50 години кариера, двократниот оскаровец Мајкл Даглас конечно ќе добие ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.

Холивудската легенда, најпознат по улогите во „Вол стрит“, „Основен инстинкт“ и „Фатална привлечност“, ќе ја добие ѕвездата на 6 ноември и ќе биде поставена блиску до ѕвездата на неговиот татко, 101-годишниот Кирк Даглас.

„Мајкл Даглас е она од што се направени легендите. Тој ќе му се придружи на неговиот легендарен татко Кирк и нивните ѕвезди засекогаш ќе сјаат заедно. Трпеливо чекавме Мајкл да го добие ова признание откако беше избран во 2003 година и возбудени сме што, конечно, му оддаваме признание на овој член на холивудското благородничко семејство“, изјави продуцентката на Патеката, Ана Мартинез.

Неговата ѕвезда ќе биде 2.648. по ред на Патеката на славните.