Битолскиот камерен оркестар вечерва (7 јули) ќе одржи концерт во Штип на летната сцена на Домот на млади, со почеток во 21 часот. Ќе ги свири најголемите поп и рок хитови од 1980-тите и 1990-тите.
Слични концерти оркестарот одржа во Скопје и Битола. Последниот свој концерт го имаше на настанот „Ѕвездена симфонија“ во Битола на 3 јули, со кој се отвори 16. издание на Битфест.
Влезот на концертот во Штип е бесплатен.