Дет метал бендот од Кичево, „Инер хејт“ (Inner Hate), деновиве го објави својот дебитантски албум насловен „Worthless Throne“, кој е достапен на дигиталните платформи.
„Инер хејт“ е релативно ново име на домашната метал сцена. Основана во 2017, кичевската четворка, предводена од пејачот и гитарист Горан Трајкоски, досега имаше објавено еден сингл, „Безгрешници“. Оваа песна е вклучена и на албумот. Тој пред неколку месеци беше најавен со спотот за песната „Vengeance Will Be Mine“.
Пред „Инер хејт“ се два големи настапи во Скопје: прво на фестивалот Востание во МКЦ на 15 декември, а во мај ќе гостува на концертот на финската метал група „Волфхарт“.
(Фото: Фејсбук)