ДОМАШНИ ПЕЈАЧИ И КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР ЌЕ НАСТАПАТ НА КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА КИРЕ КОСТОВ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (7 јуни) од 20 часот, во Центарот за култура во Битола ќе се одржи концертот „Летај галебе“ во чест на легендарниот композитор Кире Костов, кој почина на 27 јули 2023.

Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, а хитовите на Костов ќе ги пеат Димитар Андоновски, Сефедин Бајрамов, Антониа Гиговска, Бојан Стојков, Мина Блажев, Барбара Поповиќ, Кики Мукаетова, Драгана Јовановска и Андреа Томовска.

По долго време, ќе настапи и раперот Раде Врчаковски-Врчак, чиј татко д-р Миодраг Врчаковски има напишано текстови за повеќе песни на Костов.

Сценарист и водител на настанот е актерот Петар Горко. Билетите се по цена од 500 денари.