Калиопи ќе одржи концерт во Крива Паланка на 24 август во рамките на фестивалот „Џои фест“ на Градскиот плоштад. Ден порано на истото место ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкеринг лајон“, а на 24 август, пред Калиопи свири бендот „Кисити“.
„Џои фест“ е традиционална манифестација на отворено во Крива Паланка која се одржува на крајот на август. Лани на затворањето на настанот концерт одржа Здравко Чолиќ.
Калиопи имаше два успешни концерта летово, во јули на Хераклеја во Битола и на Илинден во Античкиот театар во Охрид. На 19 октомври, таа ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.
Фото: Ани и Дими