Канје Вест платил 85.000 долари за дозвола да објави контроверзна фотографија од бањата на Витни Хјустон полна со дрога, што потоа беше ставена на новиот албум на Пуша Ти, „Дејтона“.
Пуша Ти во радио-интервју рече дека Вест, кој е продуцент на албумот, во последен момент ја променил фотографијата и му рекол: „Ова е тоа што луѓето треба да го видат заедно со оваа музика”.
Фотографијата била снимена во домот на Хјустон во Атланта во 2006 година од член на нејзиното семејство, а во јавноста беше објавена по смртта на поп-ѕвездата во февруари 2012, предизвикана од коронарна срцева болест и прекумерна употреба на кокаин.
Семејството на Хјустон реагираше на објавувањето на фотографијата, велејќи дека „се згрозени, бидејќи таа се користи за заработка“.