Раперот Канје Вест го промени своето име во Је.
Објавувајќи ја промената на Твитер, тој напиша:
„Суштеството формално познато како Канје Вест. Јас сум ЈЕ“.
Четириесет и едногодишниот Вест веќе некое време го користеше овој прекар и го искористи како наслов за својот осми албум, што излезе во јуни. Овој викенд, тој го промовираше и деветтиот албум, наречен „Јанди“.
Покрај тоа што Је е скратеница од неговото вистинско име, Вест откри и дека овој збор има религиозно значење за него.
„Мислам дека ‘је‘ е најупотребуваниот збор во Библијата и во таа книга значи ‘ти‘. Значи, јас сум ти, јас сум ние, тоа сме ние. Тоа премина од Канје, што значи единствениот, во Је. Албумот е рефлексија на тоа кои сме ние“, се обиде да појасни Вест.