Поп-пејачката Каролина Гочева ќе одржи четири последователни концерти во Македонската опера и балет (МОБ) од 23 до 26 февруари.
Како што соопштија од „Авалон продукција“, Каролина и нејзиниот бенд ќе ги претстават во живо новите песни од нејзиниот деветти албум насловен „Извор“, што наскоро треба да излезе, а ќе ги изведат и најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.
Влезницата чини 800 денари, а ќе се продаваат од утре преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“ низ Македонија, „Југотон“ и онлајн на веб-страницата на ККЗС.
Организаторот додава оти со секоја купена влезница следува подарок – луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, што ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.