Утревечер во Музејот на македонската борба во Скопје концерт ќе одржи меѓународниот камерен оркестар Кампаниа од Италија.
Во оркестарот учествуваат и млади македонски музичари кои се членови на камерниот оркестар Скопски солисти. Скопскиот концерт доаѓа по нивната турнеја во Романија, а потоа продолжуват со концерти во Бугарија, Грција и Албанија. Македонските музичари заедно со овој оркестар во август настапуваа и на турнејата во Италија.
Концертот во Скопје се реализира во соработка со Скопски солисти и меѓународниот фестивал „Класика“ во Струмица.