„ПРОДИЏИ“ ГО СНИМА ПРВИОТ АЛБУМ ПО СМРТТА НА КИТ ФЛИНТ

Лондон, (НМЕ)

Двајцата преостанати членови на „Продиџи“ потврдија дека се враќаат во студио за да ја продолжат работата на нивниот прв албум по смртта на Кит Флинт. Тој беше пронајден мртов во својот дом во Есекс на 4 март 2019 и истрагата не успеа да утврди дали станува збор за самоубиство или инцидент.

„Повторно во студио овој месец, се враќаме на ритмите“, објави групата на Твитер.

Тоа ќе биде прв нов материјал на групата од излегувањето на нејзиниот седми албум „No Tourists“ во 2018 година, последен на кој учествуваше Флинт. По неговата смрт, Лијам Хаулет и Максим потврдија дека групата нема да згасне, а потоа и дека работат на албум во чест на Флинт.