Едно од најмоќните дела во историјата на музиката, Реквием од Џузепе Верди, ќе се изведе вечерва од 20 часот во Филхармонијата. На концертот насловен „Вердиевиот реквием“ ќе диригира Емил Табаков од Бугарија, а со Филхармонијата и Операта на МОБ ќе настапат и солистите Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенор-Кореја) и Милан Силјанов (бас-баритон).
„Реквиемот на Верди претставува прекрасна фузија на опера, драма и симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа до патос и тага, од едноставни ‘реченици’ кои ја растоваруваат мислата до длабока филозофска идеја, за чија суштина вреди да се размислува“, велат од Филхармонијата.
Делото е посветено на двајца славни италијански уметници, писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.