Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе одржат и втор концерт во Филхармонијата на 2 јуни, откако се распродаде првиот, на 1 јуни, објави „Авалон“.
Македонскиот и српскиот гитарист, кои долги години соработуваат, ќе го свират заедничкиот албум „Трета мајка“, кој „Авалон“ неодамна го реобјави на винил по 20 години. На албумот гостува бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов.
„Трета мајка“ содржи десет композиции кои се инструментални верзии на македонски народни песни. Од „Авалон“ велат дека овој албум е едно од нивните највредни изданија досега.
Сите посетители на концертот ќе можат да го купат винил изданието на „Трета мајка” потпишано од Стефановски и Тадиќ. Билетите ќе бидат во продажба преку мрежата на ticketx.mk.