РОНАЛДО СЕ ВРАТИ ВО ТОРИНО ПО 10 НЕДЕЛИ ВО ОЧЕКУВАЊЕ СЕРИЈА А ДА ПРОДОЛЖИ

Торино, (АП)

Кристијано Роналдо се врати во Торино по десетнеделното отсуство и веднаш се пријави на лекарски преглед во тренинг-центарот на Јувентус.

Италијанската влада на 28 мај ќе одлучи кога ќе продолжи сезоната во Серија А, дозволувајќи им на клубовите да почнат со групни тренинзи.

Италијанското фудбалско првенство беше прекинато на 9 март, само ден откако Јувентус го одигра дербито со Интер, по што Роналдо замина за родната Португалија, поминувајќи го карантинот во својот дом на островот Мадеира.

Како и сите други играчи, и Роналдо беше тестиран на коронавирус по враќањето во Италија, по што беше снимен како тренира индивидуално. Даниеле Ругани, Блез Матуиди и Пауло Дибала се тројцата фудбалери на Јувентус кои претходно имаа позитивен тест и во меѓувреме заздравија.

Челниците на Серија А се надеваат дека сезоната би можела да продолжи на 13 јуни, иако владата ги забрани сите спортски настани до 14 јуни.