САШКО КОЦЕВ ГОСТУВА ВО ШТИП И СТРУМИЦА СО СТЕНДАПОТ „ШИРОК ДИЈАФАЗОН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Сашко Коцев ќе ја игра својата хит стендап претстава „Широк дијафазон“ во Штип, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ на 2 и 4 април. Претходно на 25 март, гостува во Струмица во Домот на културата „Антон Панов“.
Коцев првпат го изведе стендапот во ноември во МНТ, потоа уште неколкупати во изминатите три месеци, а веќе се распродадени претставите за март. „Широк дијафазон“ играше и во Велешкиот театар во јануари.
Коцев кажа дека претходно имал стендап настапи само во клубови и му била желба овој да го игра на театарска сцена.

„Не сум правел стендап од 2017 и овојпат сакав да го играм во театар, да изгледа поразлично од претходните, кои се одржуваа главно во клубови. Гледам дека има интерес и ме радува тоа“, ни изјави актерот.