Со стоечки овации и долг аплауз, публиката во полниот Македонски народен театар (МНТ) синоќа ги поздрави триесетината танчари од Академијата за танц од Пекинг, по изведбата на претставата „Фен Мо“.
Публиката составена од претставници на високиот државен врв, дипломати, актери, како и од претставници од Специјалното јавно обвинителство, преку спектарот од боите на костимите и енергијата на кинеските уметности, уживаше во магичното патување низ древната Кина.
Со оваа претстава, стартуваше годинашното 14. по ред издание на „Танц фест Скопје 2018“, а уметничката директорка Рисима Рисимкин додава оти 2018-та е Година на танцот.
Академијата од Пекинг е на турнеја во Европа, во понеделникот настапија во Велес, а оттука заминуваат за Бугарија, Унгарија и Полска.
Гостувањето во Македонија го организираше културниот центар „Интерарт“, со посредство на амбасадата на Народна Република Кина во Скопје.
ЗА ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „ДЕДО МРАЗ ДОЈДЕ СО ВОЗ“, ШТО ЌЕ СЕ ИГРА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ, СЕ РЕСТАВРИРАНИ ЛОКОМОТИВА ОД 1942 И ВАГОН ОД 1950-ТИТЕ