Српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ ќе биде гостин на Саемот на книга во Скопје, кој почнува утре (18 април) во салата „Борис Трајковски“.
Драгојевиќ ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“, прво во „Бистро комедија“ в петок од 19:30 часот, а гостин на Саемот ќе биде в сабота од 12 до 14 часот, најави издавачкиот центар „Три“.
Во ноември минатата година, во Србија излезе реиздание на стихозбирката која првпат беше објавена во 1990-тите. Како што вели самиот автор во предговорот, „секое дело има свое сидро во ерата во која е создадено, а ерата во која се создадени овие песни била навистина интересна“. Песните се напишани од 1982 до 1988 и го отсликуваат духот на тоа време и младешкиот бунт на тогаш 20-годишниот Драгојевиќ.