Војвотката од Сасекс, Меган подготвува ова анимирана семејна серија за стриминг гигантот „Нетфликс“.
Продукциската куќа на принцот Хари и Меган, „Арчивил“ објави дека во фокус на серијата ќе бидат авантурите на 12-годишно девојче, кое се инспирира од различни влијателни жени од светската историја.
Меган ќе биде извршна продуцентка на серијата со наслов „Pearl“. Режисерот и продуцент Дејвид Фурниш, кој е сопруг на Елтон Џон, исто така ќе работи на серијата.
„Како и многу девојчиња на нејзина возраст, нашата хероина Прл е на патување за себеоткривање. Се радувам што ‘Арчивел’ ќе соработува со моќната платформа ‘Нетфликс’ на оваа нова анимирана серија, која ќе ги слави исклучителните жени низ историјата“, изјави Меган.