Стотина млади уметници од Македонија го започнаа мултимедијалниот караван, кој ќе престојува во три градови.
Караванот стартуваше со презентација на уметничкото творештво во Домот на младите во Штип, а потоа ќе престојува во Гостивар и ќе заврши во Скопје. Во Штип, младите уметници ги покажаа своите таленти во вајарството и сликарството, а младите поети и музичари рецитираа и пееја на македонски, албански и на јазиците на останатите етнички заедници.
„Се обидуваме со овој проект да искомбинираме неколку уметности, сликарство, вајарство, поезија и музика. Намерата е сето ова да се спои во еден мултимедијален и етнички проект, кој ќе комуницира со публиката, со што сакаме да покажеме дека македонската култура со своите вредности придонесува и е дел од европската култура“, вели Мишел Павловски, претставник на Центарот за култура и културолошка историја во Скопје.
Павловски најавува дека планот е в година караванот да се прошири на повеќе градови во државата, но и во соседните земји.
Т. ЈОВАНОВСКИ