2023 беше и година на успешни концерти и турнеи. „Вог“ се наврати на некои од најдобро облечените поп-ѕвезди на концертите во 2023.
На врвот на листата се Бијонсе и Тејлор Свифт, кои имаа турнеи на високо ниво. На турнејата „Ренесанса“, Бијонсе носеше футуристички и авангардни креации од повеќе светски модни куќи.

Тејлор Свифт на нејзината мегатурнеја „Ери“ носеше приспособени дизајни од Версаче, Роберто Кавали и Оскар де ла Рента со блескави кристали.
Светската турнеја на Мадона вклучи костими кои опфатија повеќе епохи, од 1980-тите до денес, а еден од повпечатливите беше костимот од „Версаче“.

Раперот од Порторико, Бед Бани, исто така котира високо на листата на најдобро облечените, најмногу поради принтот на неговата јакна.