Некои од најславните имиња од филмот, музиката, модата и спортот синоќа се појавија на црвениот килим на Мет гала, еден од најголемите и најекстравагантни модни настани на годината. Настанот се врати по една година пауза поради ковид пандемијата, а се собираа средства за Институтот на костими во музејот Метрополитен.
Годинава, темата беше „Во Америка: Лексикон на модата“ (In America: A Lexicon of Fashion) и креациите беа инспирирани од филмскиот серијал „Матрикс“, па сѐ до Статуата на слободата.
Домаќини на гала вечерта беа поп ѕвездата Били Ајлиш, тенисерката Наоми Осака, актерот Тимоти Шаламе и поетесата Аманда Горман.