Хотел во близина на аеродромот „Ханеда“ во Токио инсталираше целосно опремен симулатор за летање во една од собите, кадешто гостите можат да резервираат 90-минутна сесија. Машината го симулира искуството од возење на „боинг 737-800“, кој лета од Токио кон Осака, со помош на инструктор.
Користењето на симулаторот чини 277 долари, додека ноќевањето е дополнителни 234 долари. На гостите не им е дозволено сами да управуваат со симулаторот.
Аки Хагивара, менаџерка за односи со јавност на хотелот, вели дека опремувањето на собата чинеше 92.000 долари и дека реакциите засега се позитивни.
„Сакавме да се разликуваме од останатите илјадници хотели во Јапонија“, вели Хагивара.
Собата „Superior Cockpit Room“ ќе може да се резервира од 18 јули.