„Првите 40 се најтешки“ е мотото зад кое стои организацијата на јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што беше отворен синоќа.
Ѕвезди на јубилејот на најстариот фестивал на филмска камера во светот се американскиот кинематографер Едвард Лакман и неговиот шпански колега Хозе Луис Алкаине, а на килимот продефилираа личности од политичкиот врв во државава, локалната самоуправа и од културата.
„Браќа Манаки“ ќе трае до сабота, а деновиве се очекуваат и познатиот германски режисер со турско потекло Фатих Акин и угледниот грчки кинематографер Јоргос Арвантис.
Фото: ИФФК „Браќа Манаки“