Град Скопје секој ден ќе избира најдобра фотографија од седење дома, а наградата ќе биде 100 евра. Градот со ваквиот конкурс сака да ги поддржи препораките на Владата граѓаните да седат дома, за да се спречи натамошно ширење на КОВИД-19.
„Испратете ни автентична фотографија, видео или гиф од вашиот дом како го поминувате времето во изолација сами, со вашето семејство или со милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе доделува награди во висина до 100 евра. Помогнете им на здравствените работници, останете дома“, велат од Град Скопје.
Фотографиите можат да се испраќаат на Фејсбук страницата на Скопје дома.