Од денеска до 13 јули, во дворот на Кинотеката ќе се прикажат четири современи филма од годинашниот Европски филмски предизвик. Прв на програмата е „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, вечерва од 21 часот.
Кинотеката вели дека според актуелниот протокол за организирање јавни настани, ги воведува следниве правила: дезинфекција на рацете при влез во дворот и објектот, носење маска или заштита преку устата и носот, одржување дистанца додека се следи проекцијата, пушењето за време на проекција е непожелно и забрането е внесување пијалаци (алкохолни и безалкохолни).
Билетот чини 100 денари, а со него посетителите добиваат и освежителен пијалак.