Актерката Џенифер Гарнер доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд, како признание за нејзината богата кариера со улоги во филмови како „Џуно“ и „Клубот на купувачи од Далас“.
Четириест и шестгодишната глумица родена во Тексас има играно во повеќе од 30 филмови изминативе две децении, но има и успешна ТВ-кариера, за која има добиено повеќе награди.
„Ова е ден во кој славам 24 навистина весели години, поминати во работата која толку многу ја сакам. Можноста да го споделам овој момент со моето семејство и со пријатели е навистина посебна“, изјави актерката за АФП.
Во 2005 година, Гарнер се омажи за Бен Афлек, со кого заедно играа во „Перл Харбор“ и „Дердевил“, и имаат две ќерки и син. Во 2015 година најавија дека се разведуваат.
Нејзин најнов филм е „Пеперминт“, кој во кината во САД ќе игра од 7 септември.