Победникот на 77. Златни глобуси, воената драма „1917“ на Сем Мендес, од денеска игра во скопските кина Синеплекс и Милениум.
Во неделата, Мендес, кој ги работеше последните два филма за Џејмс Бонд и има Оскар за „Американска убавина“, ја доби наградата за најдобар режисер, а филмот беше прогласен за најдобра драма. Филмот зборува за двајца браќа војници во Првата светска војна, кои ги играат Џорџ Меккеј и Дин-Чарлс Чепман. Сценариото е на Мендес, а го напишал според кажувањата на дедо му.
Кинематографер е оскаровецот Роџер Дикинс, кој во 2018 беше лауреат на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. „1917“ е сниман од април до јуни 2019 во Шкотска и Англија, при што Дикинс користел долги кадри за целиот филм да изгледа како да е снимен во еден кадар.