ПРВИОТ САМОСТОЕН ФИЛМ ЗА ХАН СОЛО ОД УТРЕ ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Emilia Clarke is Qi’ra and Alden Ehrenreich is Han Solo in SOLO: A STAR WARS STORY.

По минатонеделната премиера на Канскиот филмски фестивал, научно-фантастичната авантура „Соло: Приказна од војна на ѕвездите“ од утре ќе игра во скопските кина Синеплекс и Милениум.

Режисер на „Соло“ е оскаровецот Рон Хауард, а играат Алден Eренрајх, Тенди Њутон, Емилија Кларк, Пол Бетани и Вуди Харелсон.

Во серијалот „Војна на ѕвездите“, Хан Соло го играше Харисон Форд, а во првиот филм целосно посветен на неговиот лик го глуми Еренрајх.

„При една авантура во криминалното подземје, Хан Соло се сретнува со својот иден копилот Чубака и се соочува со Ландо Калрисијан, години пред тој да се вклучи во Отпорот. Преку серија смели бегства, Соло тргнува на патување, што ќе го постави текот на неверојатната сага на ‘Војна на ѕвездите‘“, најавуваат кината.