МЕНАЏЕРОТ НА ЗАБАВНИ И КУЛТУРНИ НАСТАНИ ВЛАДИМИР МАНДИЧЕВСКИ ЌЕ ЈА ПРОМОВИРА КНИГАТА „ЈАС ПРАТЕНИК“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Менаџерот Владимир Мандичевски-Манде ја напиша својата прва книга, „Јас пратеник“. Промоцијата ќе се одржи во „Аудиокултура“ во Скопје на 8 февруари од 20 часот.
„Книгата раскажува за Ристе, семеен човек со три возрасни деца, мајка и татко, роднини и пријатели“, стои во најавата на книгата.

Корицата на книгата
„Живее навидум едноставен живот на село помеѓу нивата и домашните обврски. Децата големи, ама неснајдени. Како и поголемиот дел од нас, Ристе и неговото семејство буткаат обременети од незадоволството од сопствените живот и положба додека еден ден тој не добие една ‘непристојна’ понуда“, велат од „Баги комуникации“, издавачот на книгата.