Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе го одржи концертот „Север и југ“, на кој ќе биде промовирано новото концертно пијано „стенвеј“, донација од австриската градежна компанија „Штрабаг“, која ја градеше новата сала на Филхармонијата.
Солист е руско-германскиот пијанист Евгениј Судбин, кого „Телеграф“ го нарече „потенцијално еден од најголемите пијанисти на 21. век“.
Славниот пијанист ќе го изведе популарниот Концерт за пијано и оркестар во A-мол од Едвард Григ.
Ќе диригира Даниел Рајскин, а вечерва ќе бидат изведени уште три дела: увертирата „Маскарада“ од Карл Нилсен, „Процесија до Росио“ од Хоакин Турина и свитата „Шпанска рапсодија“ од Морис Равел.