ЗОРАН КАРДУЛА НЀ ВРАТИ ВО ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ – ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „АРХИТЕКТОНСКИ ИЛУСТРАЦИИ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Делата на Кардула нѐ потсетуваат и нѐ враќаат на едно убаво време, коментираа гостите на изложбата на графичкиот дизајнер, уметник и истакнат граѓански активист Зоран Кардула, која синоќа се отвори во полниот Музеј на Град Скопје.

Претседателот на Советот на годинашното Биенале, Владимир Десков и Зоран Кардула на синоќешното отворање на изложбата (Фото: К. Попов)

Изложбата со 26 дела е насловена „Архитектонски илустрации“ и е дел од 19. Биенале на македонска архитектура, БИМАС (13-27 септември).

Изложбата содржи 26 дела (Фото: К. Попов)

Биеналето годинава се одржува под темата „Баукултур“ или „Култура на градење“, а Кардула го направи и графичкото решение за БИМАС.

(Фото: К. Попов)

„Делата се мои илустрации на бруталистички објекти во Скопје, потоа, тука е споменикот Македониум во Крушево и, секако, дел од спомениците на НОБ низ Југославија, кои сѐ уште пленат со својата убавина, архитектонски израз далеку пред времето и сѐ уште изгледаат авангардно. Изработени се во минималистички стил, со цел да дојдат до израз нивните убавина и моќ. Овие илустрации беа објавени на познатиот сајт ‘Бордпанда‘, каде ги постирав како поддршка на нашиот тим, кој беше дел од големата изложба во МоМА на тема архитектурата во СФРЈ“, ни изјави Кардула.

Б. НЕСТОРОСКА