Скулптурата на разголениот американски претседател Доналд Трамп ќе биде понудена на аукција.
Аукциската куќа „Џулијан“ соопшти дека ова е последната статуа која не била вандализирана или уништена, кога беше изложена заедно со оние во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес и во Кливленд, на неколку недели пред изборите во 2016 година.
Аукцијата ќе се одржи на 2 мај во Џерси Сити, Њу Џерси, а скулптурата, дело на колективот Индиклајн, се очекува да достигне цена меѓу 20.000 и 30.000 долари.