СКОПЈЕ ЌЕ ПРАВИ НОВОГОДИШНА ЕЛКА ОД ЛУЃЕ ЗА ГИНИС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопје ќе се обиде да го урне Гинисовиот рекорд за новогодишна елка направена од луѓе.

В сабота. во рамките на „Винтерленд“, на Плоштад Македонија ќе се прави елка од луѓе. Сите граѓани кои сакаат да бидат дел од обидот Скопје да влезе во Гинисова книга на рекорди треба да бидат на плоштадот во 13 часот.

Во моментов, Гинисовиот рекорд го држи Индија, каде што во 2015 година била направена елка со 4.030 луѓе. Организаторите очекуваат Скопје да влезе во Гинис со бројка од околу 5.000 луѓе.