Компанијата која стои за хит-играта „Лути птици“ го затвори своето студио во Лондон, откако беше предупредена дека нејзиниот профит, најверојатно, ќе се намали. Шефот на „Ровио“, Вилхелм Тат, даде оставка минатата недела.
Финската компанија за игри беше предупредена дека нејзините приходи по обнова на лиценцата можат да паднат за 40 отсто оваа година, што се должи на силната конкуренција и повисоките пазарни трошоци.
Студиото на „Ровио“ во Лондон беше отворено лани, кога вредноста на компанијата беше проценета на 786 милиони фунти. Но, на 22 февруари, финскиот креатор на игри најави намалување на профитот, што предизвика пад на вредноста на акциите за 50 отсто.
Најавувајќи го затворањето на студиото во Лондон, „Ровио“ кажа дека сака да се концентрира на канцелариите во Финска и Шведска.
„Ровио“ забележа брз раст откако ја лансираше „Лути птици“ во 2009 година, но забележа значителна загуба во 2015 година и отшушти една третина од вработените. Филмот „Лути птици“ од 2016 година заработи 350 милиони долари во кинaта и помогна да заживее продажбата на играта. Продолжението на филмот се очекува наредната година.